Пакистан успешно ја тестираше новата крстосувачка ракета „фатах-IV“ од домашно производство
- Пакистан успешно ја тестираше новата крстосувачка ракета од домашно производство „фатах-IV“, соопшти денеска пакистанската армија.
Исламабад, 6 октомври 2026 (МИА) – Пакистан успешно ја тестираше новата крстосувачка ракета од домашно производство „фатах-IV“, соопшти денеска пакистанската армија.
„Опремен со напредна авионика и најсовремени навигациски помагала, овој ракетен систем е способен за гаѓање цели на зголемени дострели со висока прецизност и убојна сила“, соопшти службата за односи со јавноста на пакистанската армија, пренесува пакистанскиот портал Дон (Dawn).
Во соопштението се наведува дека на пробното лансирање присуствувале високи офицери на пакистанската армија, заедно со научниците и инженерите од агенцијата што го развила проектилот.
Претседателот на Пакистан Асиф Али Зардари, премиерот Шахбаз Шариф, началникот на генералштабот на армијата и командант на одбранбените сили маршал Сајед Асим Мунир, како и сите началници на родовите на армијата, го поздравија успешниот тест и им оддадоа признание на техничкото умеење и посветеноста на сите кои придонеле за овој проект.
- Успешниот тест на продолжената верзија на крстосувачката ракета „фатах-IV“ претставува важен напредок во секторот за одбрана – изјави пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви и ѝ го честиташе на нацијата успешниот тест, а на научниците и инженерите кои работеа на проектот им честиташе за трудот. јт/
Фото: МИА архива