• четврток, 25 април 2024

Османи: Напредокот во нормализација на односите меѓу Белград и Приштина исчекор од интерес на целиот регион

Османи: Напредокот во нормализација на односите меѓу Белград и Приштина исчекор од интерес на целиот регион

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Шефот на дипломатијата Бујар Османи на неговиот официјален Фејсбук профил го поздави напредокот во однос на нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија постигнат на вчерашната средба во Брисел.

-Остварениот напредок вчера во Брисел, во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, претставува значен исчекор од интерес на целиот регион. Како непосреден сосед на двете земји охрабруваме натамошни чекори за конечен исчекор што ќе обезбеди стабилност и европска перспектива на Западниот Балкан, изразувајќи ја притоа нашата подготвеност да асистираме и придонесеме на секој можен начин, стои на Фејсбук статусот на Османи. вг/нд/

 

Остани поврзан