Општина Неготино ги повика граѓаните за учество во креирање на буџет за 2027 година
- -Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, да се имаат предвид потребите на граѓаните, упатуваме јавен повик до граѓаните на општината и сите населени места, до институциите, здруженија на граѓани и други правни и физички лица, за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности - истакнаа од локалната самоуправа.
Неготино, 16 октомври 2026 (МИА) - Општина Неготино ги повика граѓаните за учество во креирање на буџет за 2027 година, локалната самоуправа попладнево соопшти дека го започнува процесот на креирање на буџетот.
-Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, да се имаат предвид потребите на граѓаните, упатуваме јавен повик до граѓаните на општината и сите населени места, до институциите, здруженија на граѓани и други правни и физички лица, за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности - истакнаа од локалната самоуправа.
Оттаму појаснија дека предлозите можат да бидат од целокупната надлежност на локалната самоуправа. Комунални дејности, урбанистичко планирање, заштита на животна средина, локален економски развој, образование, култура, социјална и здравствена заштита, спорт и млади, поддршка на граѓанскиот сектор, меѓународна соработка и други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со закон.
Рокот за доставување на пријава е од денеска, до 30 октомври оваа година. свд/ац/
Фото: МИА архива