• среда, 25 септември 2024

Општина Крива Паланка започна со изработка на Локален акциски еколошки план 2025-2031

Општина Крива Паланка започна со изработка на Локален акциски еколошки план 2025-2031

Крива Паланка, 25 септември 2024 (МИА) – Општина Крива Паланка стратешки ја планира заштитата на животната средина во претстојниот период од шест години, отпочнувајќи постапка за изработка на Локален еколошки акциски план ЛЕАП) за периодот  2025 – 2031 година.

-Локалниот акционен екоплошки план е основа за планирање на заштитата на животната средина во период од 6 години, . преку проценка на моменталната состојба, идентификација на проблеми, дефинирање мерки за заштита, зголемување на јавната свест и следење на имплементацијата.  Во изминатиот период претставници од општината и консултантскиот тим од Г-онсалтинг ДООЕЛ Скопје одржаа состанок, на кој беа дадени насоки за изработка на овој исклучително важен стратешки документ за подобрување на животната средина на општината, поради што ги повикуваме и граѓаните активно да се вклучат во изработката на истиоти и на тој начин да учествуваат во мапирање на приоритетните еколошки проблеми, давајќи ги: своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку формуларите достапни на општинската веб-страница. Вклучувањето на јавноста во изработката на овој стратешки документ е од суштинско значење, посочуваат од Општина Крива Паланка.

Од локалната самоуправа на општината ги повикуваат граѓаните активно да се вклучат преку работни групи или потполнување анонимен анкетен прашалник достапен на веб-страницата на општината, за изработка на овој важен стратешки документ за подобрување на животната средина.

-Oчекуваme јавноста да го изрази своето мислење преку пополнување на анонимниот анкетен прашалник за испитување на јавното мислење околу проблемите со животната средина, охрабрувајќи ги активно да учествуваат и во работните групи за изработка на ЛЕАП, додаваат од Општина Крива Паланка.ид/са/

Фото: Општина Крива Паланка

Остани поврзан