• среда, 24 април 2024

Општина Крива Паланка го поддржа граѓанскиот сектор со околу половина милион денари

Општина Крива Паланка го поддржа граѓанскиот сектор со околу половина милион денари

Крива Паланка, 9 јуни 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Крива Паланка денеска ги врачи договорите за поддршка на пет НВО-организации за доделени грантови во вкупна вредност од 486.098 денари од општинскиот буџетот, Програма за поддршка на здруженија и фондации за 2023 година.

-Продолжува поддршката на граѓанскиот сектор, со средства од општината до крајот на годината овие здруженија ќе имплементираат проекти од интерес на граѓаните во приоритетните области наведени во рамки на јавниот повик на кој аплицираа. Одобрена е реализација на проекти за: „Младински инклузивен центар“, „Убавините на осоговските планини“, „Одгледување печурки как вносен бизнис“, „Почиста и поубава Дурачка Река“ и „Безбедно опстојување во дигиталниот свет“, така што, посакувам успешна реализација на истите и добри резултати, видливи во корист на целокупната заедница и поголема група граѓани, рече градоначалникот Митовски.

Официјално беа врачени договорите на здруженијата:Извиднички одред „Наум Наумовски –Борче“, Центар за младински иницијативи „Цик-Цак“, Здружение на жени земјоделки, сточарки и домаќинки „Агропаланчанка“, Еколошко-акцијашко здружение „Осоговски акцијаши“ и Здружение за спасување и помош, Спасувачка служба „Спасител“, сите од Крива Паланка.


Фото МИА 

Остани поврзан