Општина Карпош ќе ѝ го предаде базенот „Партизан“ на Пливачката федерација на Македонија
- Општина Карпош денеска на Пливачката федерација на Македонија официјално ќе ѝ го предаде на користење училишниот базен „Партизан“ кај спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населба Карпош 4.
Скопје, 13 октомври 2026 (МИА) - Општина Карпош денеска на Пливачката федерација на Македонија официјално ќе ѝ го предаде на користење училишниот базен „Партизан“ кај спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населба Карпош 4.
-Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот, соопшти Општина Карпош.
На примопредавањето на базенот ќе присуствува и министерот за спорт, Борко Ристевски, и заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, ќе ги презентираат плановите за понатамошно функционирање на базенот. хс/
Фото: Општина Карпош