• вторник, 28 ноември 2023

Општина Дебар апелира да не се оставаат стари гуми од возила на несоодветно место

Општина Дебар апелира да не се оставаат стари гуми од возила на несоодветно место

Дебар, 20 ноември 2023 (МИА) - Поради проблемите со дивите депонии со стари гуми од возила, што е забележливо во  изминатите години,  Општина Дебар упати апел со нив да се постапува според потребните стандарди.


- Бидејќи сме во сезона на менување летни со зимски гуми на возилата, апелираме до сите автомеханичари, но и до сопствениците на возила, употребуваните гуми кои се вон функција, да не се фрлаат на различни места, туку да постапат според соодветниот закон, стои во објавата на општината на веб-страницата.

Во спротивно, се нагласува во апелот, ќе бидат преземени соодветни мерки од страна на  општинскиот комунален инспектор.

Се додава дека апелот го упатуваат затоа што од искуството од изминатите години има многу проблеми со подигањето на автомобилските гуми, а како потврда за тоа објавена е и фотографија. вт/хс/

Фото: Општина Дебар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан