• четврток, 12 ноември 2026

Олимпијакос убедлив против Анадолу Ефес

Олимпијакос убедлив против Анадолу Ефес

Атина, 10.октомври 2026 (МИА) – Кошаркарите на европскиот првак Олимпијакос ја постигна третата победа во новата сезона од Евролигата откако синоќа на домашен терен убедливо го совлада Анадолу Ефес со 89:66. Европскиот првак ја покажа својата доминација пред сè под обрачите со скор 49:31, притоа сите 12 играчи се запишаа во листата на стрелците.

За екипата од Турција ова беше трет пораз и остана само со една победа по четири одиграни кола.

На другите два дуела од одиграни синоќа победија гостинските екипи: Барселона – Жалгирис 81:88 и Басконија – Бешикташ 84:92.

На чело на табелата со максимален ефект 4/0 се Панатинаикос и Валенсија. мн/

Фото: ЕПА