• петок, 24 ноември 2023

Од петок постудено со дожд и снег

Од петок постудено со дожд и снег

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) - Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег, соопшти УХМР.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.

Утринските температури ќе се спуштат до минус два, а максималните дневни ќе достигнат до 12 степени.

Фото: МИА

Остани поврзан