• вторник, 24 септември 2024

Од Либан истрелани 50 ракети кон Израел

Од Либан истрелани 50 ракети кон Израел

Ерусалим, 24 септември 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека утринава биле истрелани повеќе од 50 проектили кон северен Израел од Либан, каде што во последните денови се интензивираат прекуграничните борби против исламистичкото проиранско движење Хезболах.

Повеќето од тие проектили од правец на Либан беа пресретнати, а неколку оштетија згради.

Израел во текот на ноќта изврши нови напади врз цели на Хезболах во Либан, по вчерашниот бомбашки напад во кој загинаа речиси 500 луѓе.

Во понеделникот загинаа 492 лица, од кои 35 деца и 58 жени, а 1.645 беа ранети, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската војска објави за „голем број“ членови на Хезболах убиени во Појасот Газа, движењето кое го поддржува палестинскиот Хамас во неговата војна против Израел.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека утринава од Либан биле истрелани повеќе од 65 ракети кон северен Израел. ИДФ наведува дека околу 10 ракети биле истрелани на области источно од градот Хаифа и дека неколку проектили биле пресретнати од израелските воздухопловни сили, пишува Тајмс оф Израел.

Пет ракети се лансирани кон цели во долината Џезраил, од кои некои се пресретнати, додека останатите погодиле ненаселени области и нема повредени. Околу 50 ракети се истрелани врз областа Кирјат Шмона, а ИДФ соопшти дека некои од нив биле пресретнати, додека други го погодиле градот и предизвикале штета, но нема повредени.

Овие напади се случија откако во раните утрински часови беа истрелани две ракети кон Нахарија, а 20 ракети беа истрелани во текот на ноќта кон долината Џезраил во Израел. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан