Од верските календари
- 1 април 2023 (МИА)
Од верските календари
1 април 2023 (МИА)
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 март.
Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив, Светиот маченик Панхариј
Светите маченици Хрисант и Дарија и други со нив. Хрисант беше единец син на еден велик бојарин Полемиј, којшто од Александрија се беше преселил во Рим. Како син на богати родители Хрисант ги изучи разните светски школи, а ги имаше за учители најучените луѓе. Но светската мудрост го збуни и го остави во неизвесност околу прашањето што е вистина. И тој тагуваше заради ова. Светиот маченик Панхариј родум од Вилапата во Германија. Беше висок чиновник на дворецот на царевите Диоклецијан и Максимијан. Прво се одрече од Христа, но посоветуван од мајка му и од сестра му, се врати во верата и загина за неа во 302 година.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Свети Хјуг (Иго)
Денешниот славеник е Свети Иго (Хјуг), епископ Гренобл. Роден е во 1052 година во малиот град Шатонеф-сур-Изер (департман Дром, Дофине, југоисточна Франција). Син на благочестиви родители, слатко момче и примерен ученик, на 25 години стана канон на катедралата во Валенс. Епископ на Гренобл станал во 1080 година, на 27-годишна возраст и на таа функција останал до крајот на својот живот, 52 години. Тој се обиде да ја обнови својата епархија во духот на Грегоријанската реформа. Во тоа време црквата била во конфликт со германскиот император Хенрик IV. и се обиде да се ослободи од цезаропапизмот, вмешаноста на државата во црковните работи. Епископите морале да се борат против себичноста на благородниците, но и против свештениците, кои не се потчинувале на црковната дисциплина (трговија со црковни служби и работи, нарушување на целибатот).
ОД ИСЛАМСКИОТ КАЛЕНДАР
Времето за ифтар и суфур
Во Скопје, времето за ифтар (кога завршува постот), денеска е во 19:01 часот, додека времето за суфур (кога почнува постот) е во 04 часот и 42 минута. Времето за ифтарот и суфурот во Прилеп и Куманово почнува една минута порано, во Велес две минути порано, Штип три минути, во Кочани четири минути, во Струмица и Валандово пет минути, а во Делчево шест минути порано. За разлика од времето за ифтарот и суфурот во Скопје, во Ресен и Битола ифтарот и суфурот почнуваат една минута подоцна, во Тетово, Гостивар и Кичево две минути, а во Охрид, Дебар и Струга пет минути подоцна.
###