• среда, 24 април 2024

„Ова е Македонија за сите“ во посета на Росоман, Сирково, Карпош, Маврово Ростуше

„Ова е Македонија за сите“ во посета на Росоман, Сирково, Карпош, Маврово Ростуше

Скопје, 21 мај 2023 (МИА) - Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при теренската посета на општина Росоман во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека жителите на населеното место Сирково бараат да се направи клучка и да се поврзат директно со експресниот пат Градско-Прилеп, и рече дека сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со Бехтел и Енка.  

Потпретседателот Николовски додаде и дека сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со “Бехтел и Енка“.

-Вториот дел е што за жал не сум оптимист дека експресниот пат за брзо ќе се изгради имајќи предвид темпото со кое што се работи, така што ќе остане обврска и на ВМРО-ДПМНЕ да го изгради тој експресен пат, од причина што сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени. Автопатот од Охрид до Кичево не се гради, како што не се гради ни експресниот пат од Прилеп до Градско, единствено за што се заинтересирани од актуелната власт на ДУИ и СДСМ се штетните договори со „Бехтел и Енка“ каде што во моментот Македонија исплати 117 милиони евра на „Бехтел и Енка“, а 117 зрна песок  не се ставени во градба на било што во државата. Видовте две пародии едната пародија беше кај Тетово каде што наводно почна да се гради тој дел од автопатот а не се гради ништо, втората пародија беше малку подолу од Прилеп каде што исто така почна да се гради овој дел од автопатот но сите знаете дека не се гради ништо, така што тоа уште еднаш покажува за какво недомаќинско работење се работи од една страна и од друга страна за штетноста на овој договор“, нагласи Николоски.

Николоски истакна и дека според него целосно треба да се затвори темата со уставните измени бидејќи уставни измени во овој парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ и под овие услови нема да има.

-Третата тема која што сакам да ја отворам е состојбата со буџетот според наши сознанија дефицитот во моментот е далеку поголем од тоа што е проектирано и од тоа што треба да е за првото тромесечје и за второто тромесечје кое што е во тек, така што еве апелирам до министерот за финансии до владата да одговорат колкаве дефицитот во буџетот во моментот и на кој начин планираат да го финансираат тоа. Оние приказни кои што ги раскажуваатво јавност дека граѓаните ќе купуваат обврзници, односно дека ќе можат да го финансираат дефицитот во буџетот мислам дека се апсолутна глупост, од причина што и она малку што го имаат заштедено граѓаните не треба да го потрошат и да го фрлаат во дупка со неизвесност дали било кога може да им се врати, истакна Николоски.

Во однос на пресудата од Стразбур, Николоски истакна дека Судот јасно потврдил дека тие човекови права биле нарушени со што уште еднаш се покажало дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, и не е базиран врз основа на правото туку е базиран врз основа на политички одлуки.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски при вчерашната посета на Карпош и други населени места, истакна дека во директна комуникација со граѓаните се поголемо е општото незадоволство од целокупната ситуација во државата, каде што и меѓународните судови веќе потврдуваат дека живееме во системска неправда.

-Продолжуваме со активностите на терен директна комуникација со граѓаните денес сме во скопски Карпош каде што исто така кога ќе комуницирате со граѓаните ќе видите исто така има едно општо незадоволство за целокупната состојба во државата. Живееме во држава веќе почнаа и меѓународните судови да потврдуваат дека системот носи политизирани одлуки дека имаме системска неправда која што се прави врз нашите граѓани по потврда на европскиот суд за човекови права поврзан со случајот на 27 април, рече Муцунски.

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски додаде дека граѓаните од населените места порачуваат дека е време за избори и смена на власта, време е да се подобри животот во Македонија.

-За првпат имаме влада која што висока корупција како што е договорот со „Бехтел“ го покрива со европско знаменце. Граѓаните тоа го гледаат особено југоисточниот дел на државата каде што се гледа дека е запоставен и нема никакви поголеми инфраструктурни проекти. И затоа луѓето порачуваат дека време е за да имаме сериозни европски избори, европски стандарди, смена на оваа власт и подобрување на начинот на работење на државата. Да се врати довербата во институциите, порача Милошоски.

Пратеникот, Драган Ковачки при вчерашната теренска посета на Разловци во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека со вчерашната пресуда Стразбур потврди дека во Македонија има политички прогон, дека се гонат политички неистомисленици, и дека власта ги злоупотребува институциите за партиски цели.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски при посетата на Општина Маврово Ростуше, рече дека градоначалникот, но и јавните претпријатија управувани од локалната власт на ДУИ и СДСМ изминатиот период ништо не сработија, ниту за општината Маврово Ростуше, а ниту за населените места. 

 

 

 

Остани поврзан