Објавена е стихозбирката „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска и Руки Чуки
- Во издание на издавачката куќа „Илика“ излезе илустрираната стихозбирка „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска и Руки Чуки. Книгата претставува шаренолика компилација од четириесет и две слатко-горчливи, интимни, меланхолични, но и хумористични песни на Бојана Низамовска кои се визуелно поддржани со колоритните илустрации на уметницата Руки Чуки.
Скопје, 15 јуни 2026 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Илика“ излезе илустрираната стихозбирка „Друго е на сонце!“ од Бојана Низамовска и Руки Чуки. Книгата претставува шаренолика компилација од четириесет и две слатко-горчливи, интимни, меланхолични, но и хумористични песни на Бојана Низамовска кои се визуелно поддржани со колоритните илустрации на уметницата Руки Чуки.
Песните, како и илустрациите, обработуваат теми од секојдневието во главниот град, богати се со референции од поп-културата и претставуваат мала, лична архива на заборавени места и ликови, случајни средби, и копнежливи погледи и насмевки.вј/
Фото: „Илика“