• четврток, 28 март 2024

Обрадор: Мексико нема да ја забрани апликацијата ТикТок

Обрадор: Мексико нема да ја забрани апликацијата ТикТок

Мексико Сити, 27 март 2023 (МИА) – Владата на Мексико нема да ја забрани популарната видео апликација ТикТок, која е во кинеска сопственост, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање на редовната утринска прес-конференција, вети „целосна слобода“ за платформата.

Минатата недела, извршниот директор на ТикТок се соочи со критики од американските законодавци, кои ја повикаа Владата да ја забрани апликацијата поради стравување дека ТикТок може да се користи за широко распространето собирање податоци, цензурирање на содржината и оштетување на менталното здравје на децата. ми/

Остани поврзан