• четврток, 25 април 2024

Новиот тренер на Баерн, Тухел сака да донесе неколку играчи од Челзи

Новиот тренер на Баерн, Тухел сака да донесе неколку играчи од Челзи

Минхен, 27 март 2023 (МИА) - Новиот тренер на Баерн Томас Тухел може да повика неколку играчи од Челзи во германскиот клуб.

 

Според „TEAMtalk“, германскиот фудбалски стручњак сака да го освежи составот на бундеслигашот. Тој планира да донесе неколку играчи на Челзи: голманот Едуард Менди,  Кристијан Пулишиќ, Каи Хаверц и Мејсон Маунт.

 

Тухел неодамна потпиша договор со Баерн со важност до средината на 2025 година. Неговата последна работа беше во Челзи. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан