Неколку загинати во пожар во десеткатница во белгискиот град Антверпен
- Според полициското соопштение, пожарникарите добиле пријава за пожар во населбата Линкероевер во 9:53 часот утрово. Пожарот избувнал на осмиот кат од десеткатната зграда во која живеат повеќе од 200 станари.
Антверпен, 1 јули 2026 (МИА) – Неколку лица загинаа во пожар што утрово избувна во станбена зграда во белгискиот град Антверпен, соопшти локалната полиција. Во пожарот има и повредени, а зградата е целосно евакуирана, пишуваат британските медиуми.
Според полициското соопштение, пожарникарите добиле пријава за пожар во населбата Линкероевер во 9:53 часот утрово. Пожарот избувнал на осмиот кат од десеткатната зграда во која живеат повеќе од 200 станари.

На местото на настанот биле испратени неколку противпожарни служби од различни области. Полицијата издаде предупредување за околните жители погодени од чадот.
„Ги молиме локалните жители погодени од чадот да ги затворат прозорците и вратите и, доколку е потребно, да ја исклучат вентилацијата“, соопшти полицијата.сд/ми/
Фото: Икс