• петок, 19 април 2024

Неизвесно кога ќе се отвори новата градинка во Прилеп за 252 деца

Неизвесно кога ќе се отвори новата градинка во Прилеп за 252 деца

Прилеп, 1 април 2023 (МИА) - Со приказна за неостварени желби и ветувања и со симболично сечење црвена лента за пуштање во употреба на детската градинка во населбата Точила во Прилеп, здружението за правна едукација и транспарентност „Станица П.Е.Т.“ на сатиричен начин упати порака до прилепските локални власти и сите надлежни дека заборавиле што ветиле, ама не исполниле. Градинката во населбата Точила требаше да биде готова пред година и половина, а е проект вреден 133 милиони денари.

Невладината „Станица П.Е.Т.“ ја спроведува иновативната иницијатива „Граѓански ангажман за подобра иднина“ во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи“ на Владата на Швајцарија, а е имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).

-Со оваа акција сакаме да ја потсетиме локалната самоуправа дека има обврски и ветувања кои мора да ги исполни. Овој недостиг од капацитети за згрижување на децата ги погодува граѓаните, особено оние со пониски примања и социјално загрозените кои не можеда си доџзволат приватно згрижување. Градските власти во своите предизборни ветувања, освен довршување и отворање на градинката во населбата Точила, ветеја и градинка во населбата „Кузман 2“ и адаптирање на простории во ОУ „Кочо Рацин“. Но, нема ништо завршено, вели Маја Петанческа, невладина „Станица П. Е.Т.“

- Граѓаните се ревотирани и незадоволни. Неопходно е да се реши проблемот со недостиг од згрижувачки капацитети за децата. NNа граѓаните не им значат ништо партиски препукувања околу надлежности на локалната и централната власт. Тоа е загрижувачко зашто станува збор за проблеми врзани за децата, изјави Вeсна Шапкоски, извршна директорка на невладината „Станица П.Е.Т.“.

Градинката допрва треба да добие ограден ѕид, повеќе преправки и зафати на кои ќе се работи во наредните месеци. Министерството за труд и социјална политика набави опрема.

За сето ова се потребни време и можност законски да се реализира, вели Христина Трпческа, директорка на детските градинки „Наша иднина“ во Прилеп.

- Имаше недостатоци во изведбата на градинката, на целиот проект. Дел од нив се отстранети. Општина Прилеп веќе има склучено договор со изведувач за оград аоколу објектот. проектоте направен, треба да се реализира преку јавна набавка за поставување прегради во тоалетите за децаи кабини во тоалетот за возрасни. Исто така, општината треба да обезбеди и дидактички средства. Од Министерството за труд и социјална политика е обезбедена опремата и најголемиот дел е доставен. Сите овие зафати бараат време и финансиски средства. Општината беше оставена во долгови, треба да се спроведат и законските обврски со јавни набавки и сето тоа бара време. не би сакала да прогнозирам, но станува збор за неколку месеци. Инаку, во населбата „Кузман 2“ постои детален урбанистички план, има предвидено парцела која може да се искористи за детска градинка. А во ОУ „Кочо Рацин“ треба да се види прострот кој може да послужи за детска градинка, објаснува Трпческа.

Прилеп има шест градинки во кои се сместени 1240 деца и капацитетите се преполни, а на листата на чекање се 250.

Дури 80 насто од граѓаните не знаат до каде е изградбата на детската градинка во населбата „Точила. ем/мс/

Фото: МИА

Остани поврзан