• четврток, 28 март 2024

Најмладите на Велес го одбележаа Денот на шегата

Најмладите на Велес го одбележаа Денот на шегата

Велес, 31 март 2023 (МИА) - Најмалите децата од градинките и основните училишта од Велес денеска облечени во секакви костими и маски на своите омилени јунаци од бајките и филмовите со игра и музика традиционално во Младинскиот парк го одбележаа претстојниот празник 1 Април - Денот на шегата.

Општина Велес и годинава ја организираше традиционалната Априлијада, во која најмладите, на нивно големо изненадување радост ги забавуваа искусните аниматорите од Фанинејшн Ентертејмнт од Скопје кои со нив играа и пееја.

Најдобрите учесници во сите точки си добија и интересни награди од изведувачите кои ги мотивираа на дружба игра песна и натпреварување, за на крај сите да добијат силен аплауз од бројната публика. Манифестацијата ја посети и градоначалникот Марко Колев. ад/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан