• четврток, 26 септември 2024

Најмалку 51 убиен во денешните израелски напади врз Либан

Најмалку 51 убиен во денешните израелски напади врз Либан

Бејрут, 25 септември 2024 (МИА) - Најмалку 51 лице загина, а 223 се ранети во денешните израелски напади врз Либан, изјави либанскиот министер за здравство Фирас Абијад, пренесе Скај Њуз.

-Неодамнешните израелски напади убија повеќе од 700 луѓе и повредија уште 5.000, вклучително жени, деца и голем број работници за нега, рече Абијад во интервјуто претходно денеска. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан