• недела, 22 септември 2024

Најмалку 12 лица се повредени по руски напад на станбен блок во Харков

Најмалку 12 лица се повредени по руски напад на станбен блок во Харков

Киев, 22 септември 2024 (МИА) - Руските вооружени сили доцна синоќа гранатираа станбен блок во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени најмалку 12 лица, а останатите жители беа принудени да се евакуираат, изјави градоначалникот Игор Терехов.

Харков се наоѓа на околу 30 км. од руската граница, е честа цел на руски напади откако силите на Кремљ ја започнаа својата инвазија врз Украина во февруари 2022 година.

Терехов на социјалната мрежа Телеграм напиша дека руските сили употребиле наведувана бомба и дека спасувачките екипи моментално се на терен. Тој додаде дека 60 жители на блокот се евакуирани.

Според локалните медиуми, бомбата паднала пред еден од влезовите на блокот и неколку автомобили во близина се запалиле.

Регионалниот гувернер Олег Синегубов изјави дека едно од повредените во нападот е дете. Тој додаде дека имало два удари во Харков, како и уште еден во југоисточниот град Изум, каде биле запалени две куќи. зш/

Остани поврзан