Најмалку пет лица загинаа, а триесет се повредени во железничка несреќа во централен Пакистан
- Најмалку пет лица загинаа, а триесет се откако воз излета од шините утрово во централен Пакистан, соопштија полицијата и портпаролот на пакистанските железници.
Карачи, 13 октомври 2026 (МИА) – Најмалку пет лица загинаа, а триесет се откако воз излета од шините утрово во централен Пакистан, соопштија полицијата и портпаролот на пакистанските железници.
Возот патувал од јужниот пристаништен град Карачи кон северозападниот град Пешавар и излета од шините во Шершах, во провинцијата Пенџаб, изјави портпаролот на железниците Калим Ахтар.
Спасувачите ги извлекоа телата на сите четири жртви и ги евакуираа повредените од 14-те вагони на возот, додаде портпаролот. Повредените се хоспитализирани за медицински третман.
На местото на настанот се испратени спасувачи и медицински персонал, додаде Ахтар.
Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и премиерот Шехбаз Шариф изразија сочувство до семејствата на жртвите преку соопштенија и ги повикаа властите да им пружат најдобра можна медицинска помош на повредените.
Железничките несреќи во Пакистан се случуваат релативно често бидејќи железничката инфраструктура со децении страда од недоволно финансирање. Во 2023 година, десет вагони од патнички воз излетаа од шините во Јужен Пакистан, при што загинаа 30 луѓе, а над 90 беа повредени. јт/
Фото: ЕПА