Членови на Извршниот комитет на Данското европско движење во посета на Собранието
- Членови на Извршниот комитет на Данското европско движење денеска ќе бидат во посета на македонското Собрание.

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Членови на Извршниот комитет на Данското европско движење денеска ќе бидат во посета на македонското Собрание.
Како што информираат од собраниската прес-служба, членовите на Данското европско движење ќе се сретнат со претседателката на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Кралството Данска, Марија Георгиевска. фф/
Фото: МИА Архива