• петок, 29 март 2024

Црвен крст на град Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на згрижувачи

Црвен крст на град Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на згрижувачи

Скопје, 1 јуни 2023 (МИА) - Црвен крст на град Скопје денеска во Зоолошката градина во Скопје организира настан за одбележување на Светскиот ден на згрижувачи - 1 Јуни, со цел да се подигне  јавната свест за формата згрижување како позитивен пример во општеството.

Црвен крст на град Скопје соопшти дека во соработка со Центарот за поддршка на згрижувачи,  подджани од Комерцијална банка, имплементираат годишна програма за социјализација на деца и млади со попреченост, како и деца сместени во згрижувачки семејства. Од оваа година соработката продолжува и со СОС Детско село.

-Целта на соработката се подобрени услови за живот на децата сместени во згрижувачки семејства. Како дел од овие активности е и одбележување на 1 Јуни - Светскиот ден на згрижувачи, кој традиционално го одбележуваме со голем хепенинг и дружење со децата и згрижувачите, информира организаторот на настанот. хс/са/ 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан