• понеделник, 13 јули 2026

Седници на повеќе собраниски комисии

Седници на повеќе собраниски комисии

Скопје, 10 јуни 2026 (МИА) - Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за локална самоуправа, за еднакви можности на жените и мажите, за европски прашања и Законодавно-правна комисија. 

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на Универзитетот „ Мајка Тереза“ во Скопје (II фаза). 

Комисијата за локална самоуправа ќе ја разгледува Предлог на стратегијата за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија 2021-2031. 

Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи две седници и тоа Јавна расправа на тема:„Имплементација на конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулската конвенција)“ и Јавна расправа на тема: „Нацрт - Национална стратегија за превенција и заштита од родово - базирано насилство врз жени и семејно насилство 2026-2033“. 

На дневен ред на Комисијата за европски прашања е Предлог на закон за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи(*), во прво читање.

Собранието денеска ќе ја започне 104. пленарна седница на која на дневен ред се повеќе точки. ев/са/

ФОТО: Архива