• сабота, 01 април 2023

Поради градежни работи затворена улицата „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

Поради градежни работи затворена улицата „Теодосиј Гологанов“ во Скопје

Скопје, 18 март 2023 (МИА) - Поради изведување градежни работи денеска и утре ќе има изменет сообраќаен режим во Скопје, односно за сообраќај ќе биде затворена улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Како што информираат од МВР, оваа улица денеска ќе биде затворена од 08:00 часот до завршување на градежните работи, а утре во периодот од 07:00 до 19:00 часот.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. сст/сп/

фото МИА архива

 

Миа мрежа