• сабота, 20 април 2024

Претставување на првата група студентки во рамки на иницијативата „Global Engineer Girls North Macedonia“

Претставување на првата група студентки во рамки на иницијативата „Global Engineer Girls North Macedonia“

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Групацијата Лимак во партнерство со Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија почнува да ја спроведува иницијативата Global Engineer Girls North Macedonia во чии рамки денеска  ќе биде промовирана првата група студентки од државните инженерски факултети кои добија стипендии и поддршка.

-Главна цел на иницијативата Global Engineer Girls (GEG) е да обезбеди поддршка за девојките и младите жени за намалување на родовиот јаз во СТЕМ-областите (Science, Technology, Engineering and Mathematics), а особено во инженерството. Групацијата Лимак  ја почнува оваа иницијатива во земјава по успехот и позитивните резултати од спроведување на иницијативата Engineer Girls of Türkiye во Турција. Иницијативата Global Engineer Girls со иста мисија и цел се спроведува во повеќе земји во кои Групацијата Лимак е присутна со деловни активности, наведува Групацијата Лимак која го гради мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje”.

Организаторот на настанот најавува обраќања на претседателката на Групацијата Лимак и на Фондацијата Лимак, Ебру Оздемир, на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и на Армен Григоријан, постојан претставник на УНДП во Северна Македонија. хс/бак/ 

 

Остани поврзан