• среда, 24 април 2024

Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар за Денот на шегата

Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар за Денот на шегата

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - Градскиот дувачки оркестар денеска ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт по повод Светскиот ден на шегата, на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции.

Концертот, како што информираат од МКЦ, ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот.

Оркестарот е формиран во март 2006 година, на иницијатива на Град Скопје и во него членуваат професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност. Од самиот почеток па сѐ до денес ГДО има настапувано на сите значајни културни манифестации во Скопје и низ другите градови во државата. дма/са/

Фото: МКЦ

Остани поврзан