• вторник, 28 ноември 2023

Новоименуваната амбасадорка на Куба во посета на Собранието

Новоименуваната амбасадорка на Куба во посета на Собранието

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Новоименуваната амбасадорка на Куба, Мариета Гарсиа Хордан денеска ќе биде во посета на Собранието.

Хордан ќе се сретне со Љупчо Димовски, претседател на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите и со членовите на оваа пратеничка група за соработка. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан