• сабота, 09 декември 2023

Министерката Тренчевска во посета на Црвен крст Струга

Министерката Тренчевска во посета на Црвен крст Струга

Струга, 27 септември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Струга ќе ја посети институцијата која нуди социјална помош и нега во домот – Црвен крст Струга.

Како што информираат од ресорното Министерство, услугата е наменета за стари лица - постари од 65 години, како и за лица со потежок облик на попреченост кои не се во состојба самите да се грижат за себе.

На настанот, покрај министерката Тренчевска, ќе се обрати и секретарот на Црвениот Крст од Струга, Адхуриме Даути.

Воедно, министерката Тренчевска ќе посети и корисник на услугата помош и нега во домот во Струга за да се информира за придобивките на корисниците од услугата. 

Развојот на оваа социјална услуга, како дел од спроведувањето на сеопфатната социјална реформа во земјава е финансиран од Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка. сс/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан