Гастрономски настан „Вкуси ја Франција“ во Градски парк
- Во организација на Францускиот институт во Скопје денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка ќе се одржи гастрономски настан „Вкуси ја Франција“.

Скопје, 10 јуни 2023 (МИА) - Во организација на Францускиот институт во Скопје денеска на пладне во Градскиот парк, кај Школка, ќе се одржи гастрономски настан „Вкуси ја Франција“.
- Овој настан е од отворен карактер и има за цел да ја доближи француската гастрономија до домашната публика преку специјалитети симболични за Франција, соопшти организаторот.
Како што е најавено, настанот ќе го отворат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер.
Во музичкиот дел ќе настапат пејачката Мијата и диџеј Зоки Бејбе.
Главен покровител на настанот е винарската визба „Тиквеш“, а партнери се СУГС „Лазар Танев“, ФЈ кулинарско школо и Боттега дел Вино. Производите ќе се продаваат по симболични цени, а винарската визба „Тиквеш“ ќе понуди дегустација на нивните вина. мд/лв/
Фото: Француски институт во Скопје