Почетен настан на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово“
- Овој проект допринесува за подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на комуналните услуги. Ова ќе се постигне преку примена на ИКТ решенија за подобрување на урбаните и комуналните услуги на инспекторите, преку изградба на капацитет на општинскиот и соодветниот персонал за користење на ИКТ платформата, како и преку застапување на употребата на ИКТ услуги од страна на граѓаните и претпријатијата.

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Во Тетово денеска ќе се одржи почетниот настан на проектот „Иновативни дигитални општински
решенија во Општина Тетово", во соработка со Фондацијата Албиз и со финансиска поддршка како дел од програмата финансирана од Европската унија "ЕУ за општините".
Овој проект допринесува за подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на комуналните услуги. Ова ќе се постигне преку примена на ИКТ решенија за подобрување на урбаните и комуналните услуги на инспекторите, преку изградба на капацитет на
општинскиот и соодветниот персонал за користење на ИКТ платформата, како и преку застапување на употребата на ИКТ услуги од страна на граѓаните и претпријатијата. сст/