Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
- На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.

Скопје, 19 март 2023 (МИА) – На булeварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичка црква од 7 до 19 часот сообраќајот ќе се одвива во согласност со привремено воведен режим.
Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим се воведува поради активности по завршување на градежните активности за реконструкција на булеварот. свс/ев/
Фото: МИА архива