• понеделник, 13 јули 2026

Петнаесет ликовни уметници од земјава и странство ќе учествуваат на ликовната колонијата „Љубанци 2026"

Петнаесет ликовни уметници од земјава и странство ќе учествуваат на ликовната колонијата „Љубанци 2026

Скопје, 15 јуни 2026 (МИА) - Петнаесет ликовни уметници од земјава и странство ќе учествуваат на ликовната колонијата „Љубанци 2026", која почнува денеска, а завршува во недела на 21 јуни.

-За седум дена на колонијата ќе бидат создадени триесет уметнички слики со мотиви од старата љубанска архитектура, убавините на Скопска Црна Гора, апстрактни дела во акрилна и маслена техника на платно, како и скултури во обоено дрво и комбинирана техника. Главен покровител на ликовната колонија е општината Бутел во соработка со Детскиот ликовен центар – Градско здружение на ликовни педагози Скопје, соопшти Детски ликовен центар - Градско здружение на ликовни педагози.

Во четврток, се додава во најавата, ќе се одржи ликовниот хепенинг на дваесет и четири талентирани ученици од основните училишта во општина Бутел. Тие ќе се дружат со уметниците и ќе ги изработуваат своите творби инспирирани од убавините на Љубанци.

Во Љубанци оваа година ќе творат: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Емилија и Стојче Тоциновски, Харалампие Манчев, Живка Коцева, Ахмед Кадри, Зоран Бошковски, Лара Ташковска, Марија Светиева, Сара Поповска, Лиза Аземи, Глигор Васков, Павел Јовановски, Владан Ранѓеловиќ и Евин Ева Пешиќ од Ниш и Петар Петровиќ од Белград, Србија. ац/са/

Фото: МИА архива