Без вода дел од општина Карпош
- ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот „8 Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Дрезденска“ и „Анкарска“.

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје известува дека денеска, од 09:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот „8 Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Дрезденска“ и „Анкарска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул. 8 Септември/ бул. Партизански одреди.
Корисниците ќе бидат без вода до завршување со санација на дефектот. ир/нд/
Фото: МИА архива