• понеделник, 20 јули 2026

Најмалку 13 загинати во пакистански воздушни напади во Авганистан, соопштија талибанците

Најмалку 13 загинати во пакистански воздушни напади во Авганистан, соопштија талибанците

Кабул, 10 јуни 2026 (МИА) - Најмалку 13 лица загинале, а 14 се повредени во воздушни напади што пакистанските вооружени сили ги извршиле врз три авганистански провинции, соопшти денеска портпаролот на талибанската власт во Авганистан, Забихула Муџахид.

Според Муџахид, нападите биле насочени кон провинциите Хост, Кунар и Пактика. Тој изјави дека меѓу загинатите има 11 деца, жена и постар маж.

Пакистан засега не ги коментирал информациите.

Пакистан и Авганистан со месеци водеа жестоки прекугранични судири во кои загинаа стотици луѓе, откако Авганистан изврши упад на пакистанска територија како одговор на претходни пакистански воздушни напади во Авганистан.

Исламабад го обвинува Кабул дека дава засолниште на екстремисти кои изведуваат смртоносни напади во Пакистан, додека авганистанските власти ги отфрлаат таквите обвинувања. аб/јт

фото/МИА архива