• петок, 27 септември 2024

Над 22.000 луѓе од Либан пристигнале во Сирија

Над 22.000 луѓе од Либан пристигнале во Сирија

Дамаск, 26 септември 2024 (МИА) – По интензивирањето на судирот помеѓу Израел и Хезболах, во текот на неделата повеќе од 22.000 луѓе од Либан пристигнале во Сирија.

Според неименуван сириски безбедносен претставник, повеќе од 6.000 Либанци и околу 15.000 Сиријци го поминале главниот граничен премин Јдеидет Иабус (во Либан познат како Масна).

Додека преку другиот граничен премин од Либан во Сирија преминале околу 1.000 Либанци и 500 Сиријци. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан