• среда, 10 јуни 2026

Набљудувачите на ОБСЕ на судски постапки за организиран криминал и корупција на средба со Савески

Набљудувачите на ОБСЕ на судски постапки за организиран криминал и корупција на средба со Савески

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Претставниците на Регионалниот проект на ОБСЕ за мониторинг на судски постапки од областа на корупцијата и организираниот криминал денеска остварија средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески, со кого разговараа за областите во кои овој проект ја следи и поддржува работата на обвинителството.

Државниот обвинител, информираат од ОЈО, им се заблагодари за досегашните активности, нагласувајќи ја особената важност на присуството на стручната јавност и набљудувачите во судницата.

На средбата пред јавниот обвинител Савески беа изнесени препораките од извештајот на овој проект кои се однесуваат на Јавното обвинителство, а преставниците на Проектот во земјава се запознаа со активностите за јакнење на транспарентноста и за дигитализација на Јавното обвинителство.

Проектот за мониторинг на судските постапки во Западен Балкан следи 70 судски процеси во земјава, од кои 54 се водат по поднесени обвиненија за корупција и 16 за организиран криминал.вј/

Фото: ОЈО

Можно е и ова да ти се допаѓа