• среда, 24 април 2024

МОН и УНИЦЕФ со работилници за јакнење на компетенциите на стручните соработници во училиштата

МОН и УНИЦЕФ со работилници за јакнење на компетенциите на стручните соработници во училиштата

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Продолжуваат работилниците за стручни соработници од сите основни и средни училишта во државата. Министерството за образование и наука, со поддршка на UNICEF MK досега организираа шест работилници во Охрид, Битола, Тетово, Куманово и две во Скопје, преку кои успавме да вклучиме и да разговараме со 411 стручни соработници.

Целта на работилниците е да се изгради заеднички одговор на последните случувања и да се поттикне отворен разговор и клима на поддршка во училиштата. Во кризни ситуации кои влијаат врз добросостојбата и менталното здравје на учениците од исклучителна важност е училиштето да остане безбедно место во кое тие ќе најдат разбирање, одговори и поддршка за да ги надминат предизвиците, да ги унапредат своите социо-емоционални компетенции, и да ја зајакнат психолошката отпорност, соопшти МОН.

За денеска предвидени се работилници со стручните соработници од училиштата во Велес и Струмица.

Поддршката од институциите, но и поддршката помеѓу стручните соработници е клучна и министерот за образование и наука Јетон Шаќири повторно повикува да се овозможи непречена секојдневна работа за стручните соработници и ослободување од административни обврски во училиштето, наведуваат од МОН.сст/са/

Остани поврзан