• четврток, 25 април 2024

„Мобилност Велес“ бара да престане узурпацијата на паркинг-места наменети за инвалидизирани лица

„Мобилност Велес“ бара да престане узурпацијата на паркинг-места наменети за инвалидизирани лица

Велес, 3 февруари 2023 (МИА) - Меѓуопштинското здружение на телесни инвалиди „Мобилност Велес“, со години наназад испраќа дописи до СВР Велес и локалната власт, да им дадат поддршка на нивните барања за ослободување на означените паркинг места на велешките паркинзи, а кои се наменети за лица со телесен инвалидитет.

Тие се револтирани бидејќи со години, со исклучок на поединци, несовесни граѓани ги узурпираат малкуте означени места за паркирање на возилата кои треба ги користат нивните членови.

Од друга страна, од локалната власт, и претходната и сегашната, бараат и да го зголеми постоечкиот – минимален број на означени паркинг места наменети за инвалидизирани лица – членови на „Мобилност Велес“, но и останати граѓани и посетители на Велес, а кои се лица со инвалидитет и им е неопходен паркинг.

Овие возила на задната страна имаат ознака налепница за инвалидизирани лица, информира за МИА Миланчо Арсовски претседател на меѓуопштинското здружение „Мобилност Велес“, во кое членуваат лица од општините Велес, Градско и Чашка.

- Нашите членови секојдневно се соочуваат со истиот проблем, на местото означено за нив, да има паркирано возила од други граѓани. Ние апелираме и до полицијата и до општината заеднички ни помогнат за решавање овој наш горлив проблем. Воедно да ги предупреди несовесните граѓани да ги тргнат од тие места своите возила и ги отстапат паркинг местата наменети за лица на кои им е неопходно за паркинг бидејќи тешко се движат, апелира Арсовски.

Тој информира и дека се во контакт со локалната власт за да им одобри и дополнителен број на паркинг места за нивните членови на сите паркинзи во градот.

Арсовски реагира и што несовесни граѓани секојдневно ги узурпираат и означените три паркинг места и пред седиштето на здружението „Мобилност Велес“, во просториите на Месната заедница „Алексо Демниевски“

По информација од МИА за ваквите состојби, портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев најави дека со своите колеги ќе разговара за преземање на мерки за надминување на проблемот во интерес на инвалидизираните лица. ад/ир

Остани поврзан