• сабота, 14 ноември 2026

Мицкоски на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ во Гази Баба

Мицкоски на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ во Гази Баба

Скопје, 15 октомври 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски објави дека присуствал на отворањето на новиот современ трговски комплекс „Триангла“ (Fashion Park Triangla), во Општина Гази Баба.

Тој посочува дека станува збор за значајна приватна инвестиција која носи нови содржини, домашни и меѓународни брендови, угостителски и услужни дејности, како и можности за отворање на околу 250 нови работни места. 

Ваквите инвестиции се важен двигател на локалната економија, придонесуваат за развојот на Гази Баба и создаваат нови можности за граѓаните и бизнис-заедницата. Честитки до инвеститорите за реализираниот проект и многу успех во понатамошното работење!, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил. рп/аа/

Фото: ФБ на Христијан Мицкоски