• петок, 14 ноември 2025

Минчев: Програмата за Кочани е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град

Минчев: Програмата за Кочани е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град

Кочани, 12 октомври 2025 (МИА) - Генералниот секретар на Движење ЗНАМ - за Наша Македонија, Горан Минчев, денеска беше во посета на Кочани, каде даде силна поддршка на советничката листа на ЗНАМ под реден број 2, како и на натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов, стои во соопштението од ЗНАМ кое МИА го пренесува интегрално. 

Минчев во изјава за Радио Кочани истакна дека Движење ЗНАМ е партија од граѓаните и за граѓаните, која своите политики и програми ги темели врз
основа на реалните потреби и идеи на луѓето.
Програмата за Кочани, како што нагласи, е резултат на директни разговори со граѓаните и нивните предлози за подобар, поуреден и поперспективен град.

Тој повика кочанчани да ја дадат својата поддршка за носителот на советничката листа, Суад Мехмед, како и за целата советничка листа на Движењето ЗНАМ, под реден број 2, која, како што рече, ќе биде гласот на чесните, вредните и посветените луѓе во Советот на Општина Кочани.

Минчев ја истакна  силната поддршка за натпартискиот кандидат за градоначалник, д-р Влатко Грозданов, кого го опиша како чесен човек, професионалец со визија и енергија за вистински промени.

„На 19 октомври, Кочани ќе избере нов почеток - со луѓе кои знаат, можат и сакаат повеќе. Со д-р Грозданов, Кочани ќе стане пример за чесно и одговорно управување.“ - порача Минчев во изјавата за медиуми.

ЗНАМ - Центар за комуникации и аналитика

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан