• четврток, 25 април 2024

Министерот Бочварски очекува да биде испочитуван рокот на изградбата на автопатот Охрид - Кичево

Министерот Бочварски очекува да биде испочитуван рокот на изградбата на автопатот Охрид - Кичево

Охрид, 23 февруари 2023 (МИА) – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, вчера од Охрид изрази уверување дека ќе биде испочитуван рокот за изградбата на автопатот Охрид – Кичево.

Тој појасни дека се води тековна координација со сите субјекти и институции инволвирани во проектот за уредување и решавање на сите постапки за експропријација, за да може да се забрзаат градежните активности на сите позиции.

- Ова е нешто што го правиме перманентно последните месеци. Очекувам со засилено темпо да продолжат градежните работи оваа година, секако со подобрувањето на временските услови да се оствари поголем напредок и автопатот по секции како што ќе биде завршен да биде отворен за сообраќај, рече Бочварски.

Според последниот извештај на надзорниот орган, на трасата работат повеќе од 900 работници од неколку градежни оперативи, со очекувања бројот ангажирани работници да се зголемува за да се биде испочитуван рокот за изградбата.

- Работиме тековно согласно договорот и процедурите, цената на чинење е утврдена на 598 милиони евра како договор меѓу државата и изведувачот, рече Бочварски.

Министерот за транспорт и врски уште посочи дека во охридско-струкиот регион во тек е рехабилитација на патниот правец Подмоље – Струга – Ќафасан до граничниот премин кон Албанија, а  во тендерска постапка е и проект за обнова на делницата од Охрид до Свети Наум.

- Минатата година реализиравме 465 милиони евра капитални инвестиции. Мошне е важно овие капитални инвестиции кои оваа година се највисоки во историјата на државата со вредност од 800 милиони евра да ги реализираме во што е поголем износ, истакна министерот Бочварски. аб/цр

фото:МИА

Остани поврзан