• вторник, 16 април 2024

Милион денари поддршка за ракометниот клуб ГРК ,,Тиквеш 2014" од буџетот на општината Кавадарци

Милион денари поддршка за ракометниот клуб ГРК ,,Тиквеш 2014

Кавадарци, 6 јуни 2023 (МИА) - Милион денари поддршка за ракометниот клуб ГРК ,,Тиквеш 2014" од буџетот  на општината Кавадарци, ваква едногласна одлука беше изгласана денеска на седница на кавадаречкиот Совет на општината.  

 - Паричното поддржување се дава како награда и поддршка за сите досегашни успеси и секако поттик за идните, што ќе бидат дел од пласманот на ГРК ,,Тиквеш 2014" во Европскиот челинџ куп 2023/2024 година, беше појаснето на седницата. 

Градоначалникот Митко Јанчев и Советот на Општина Кавадарци, им доделија и благодарници на ракометарите, стручниот тим, управниот и надзорниот одбор, нагласувајќи дека тие се гордоста на Кавадарци. свд/дма/

 

 

Остани поврзан