• четврток, 28 март 2024
МИА Флеш

24 март 2023

- Премиерот Димитар Ковачевски денеска повторно ги повика бугарските власти да ги почитуваат пресудите на Судот за човекови права во Стразбур, коишто Бугарија ги нема спроведено до денес во однос на почитувањето на правата на здружување на Македонците.

-Откако надлежните институции ќе ги имаат сите детали за причината на смртта на шестгодишното девојче во Клиничката болница во Битола ќе бидат споделени со јавноста, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Врз основа на факти, потенцира тој, треба да се да се утврди што се има случено таму и врз основа на тие факти да се изречат соодветни санкции, таму каде што ќе биде потребно.

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со заменик-шефот на Мисијата на Американската амбасада во Скопје Ерик Мејер и членовите на делегацијата, упати благодарност за досегашната соработка и поддршка од САД години наназад, конкретно во делот на зајакнување и модернизирање на капацитетите на МВР.

-Вчера изутрината околу 09.00 часот, полициски службеници од штипската Полициска станица ја лишиле од слобода штипјанката С.Ш. (56), поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра. Банкнотата била одземена за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово утрово околу 7 часот, полицијата заплени големо количество дрога и уапси двајца оосмничени дилери, информираа за МИА извори од МВР.

 – Пред 24 години на денешен ден започнаа воздушните напади на НАТО врз тогашна Сојузна Република Југославија (Србија и Црна Гора). За време на 78-те денови колку траеше бомбардирањето, според официјалните извори загинаа 2.500 луѓе, додека вкупната материјална штета проценета е на повеќе десетици милијарди долари, јави дописникот на МИА од Белград.

 - Јужна Кореја ќе побара екстрадиција на До Квон, еден од најбараните светски бегалци од областа на криптокриминалот, кој беше уапсен во Црна Гора, изјави денеска портпаролката на обвинителството во јужен Сеул, Ким Хје-кјунг.

 – Српската Влада на вчерашната седница одобри поскапување на патарините за 14 отсто, додека оние кои патарините ќе ги платат по електронски пат ќе добијат шест проценти попуст на таа сума, односно за нив поскапувањето ќе биде осум отсто, јави дописникот на МИА од Белград. За патничките автомобили на релација Прешево-Белград, наместо 1.490 динари, доколку се плаќа во готово, ќе чини 1.699 динари.

– Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата.

 - Стотици луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастељон во источниот дел на Шпанија. Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна вчера, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа и  Кастељон.

- Гувернерот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујиќ во ексклузивно интервју за МИА оценува дека актуелните случувања со банката во Силиконската долина и со Кредит Свис нема да се одразат врз банкарскиот сектор во регионот, каде генерално има традиционален модел на банкарство.

Тагови

Остани поврзан