• петок, 19 април 2024
МИА Флеш

7 јуни 2023

 - Премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доаѓа со план и три конкретни предлози, брифираат владини извори за МИА. На средбата во Клубот на пратеници предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.

- Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија.

-Осумдесет проценти од греманските инвеститори повторно би инвестирале во државава, а за 71 процент зголемувањето на цените на енергијата е еден од најголемите ризици за нивниот развој, покажува  денеска презентираното истражување за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение.

- И денеска е блокиран регионалниот пат Градско - Прилеп. Со протест се бара итна санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш“. Блокадата ќе остане до 13 часот, а се пропуштаат итни случаи.

-Од денеска во институциите кои се под надлежност на Општина Струмица, како и во основните и средните училишта, почна собирањето на отпадни батерии. Како што информираа од Општината, садови за собирање на овој електронски отпад се поставени во 25 институции во Струмица.

-Пред 100 дена земјава беше парализирана, а неспорно е дека сега е во многу подобра состојба отколку пред 100 дена. Гордо можам да кажам дека се движи напред, истакна лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во обраќањето по повод 100 дена од влезот на партијата во Владата.

- Полициски службеници од ОВР Струга, вчера во 9:45 часот во Струга,  ги лишиле од слобода стружанецот Д.У.(37)и Е.П.(46) од Куманово. Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба Плитишта, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга.

- Нова еко автобуска постојка со зелен и воедно одржлив покрив доби градот Скопје од страна на Халкбанк АД Скопје во рамките на заложбите и активностите на банката за заштита и зачувување на животната средина, а кои што се реализираат преку платформата ХалкЕко.

-Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими началникот на Бирото на Националната гарда на САД, генерал Даниел Р. Хокансон, и во разговорот истакна дека Србија, со зачувување на воената неутралност, е подготвена да ја подобри партнерската соработка со американската армија со цел да го одржи мирот и стабилноста во регионот и пошироко, јави дописникот на МИА од Белград.

 - На папата Франциск попладнево ќе му биде извршена операција на абдоменот во римската болница Гемели, соопшти Ватикан. Оттаму додаваат дека неговиот лекарски тим одлучил дека е потребна операција и дека се очекува папата да остане во болница неколку дена заради закрепнување.

 – Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која тврди дека го прикажува градот Херсон,  еден ден по поплавата предизвикана од уништувањето на браната во хидроцентралата Нова Каховка.

-Кина ја изрази својата „длабока загриженост“ по делумното уништување на украинската брана Каховка, што предизвика поплави долж реката Дњепар и ги зголеми стравувањата од хуманитарна катастрофа, пренесуваат француските медиуми.

-Опозицијата освои мнозинство во кувајтскиот парламент на седмите општи избори за нешто повеќе од десет години, со само една жена меѓу избраните претставници, покажуваат резултатите од изборите објавени денеска. Изборите се одржаа во вторникот, откако Уставниот суд во март ги поништи резултатите од минатогодишните избори, на кои опозицијата постигна значително подобар резултат и го врати парламентот избран во 2020 година.

 - САД денеска го повикаа Израел да ја истражи употребата на сила за време на воените операции против цивили, еден ден по убиството на тригодишното палестинско момче. Момчето беше по грешка застрелано од израелски војници минатата недела во размена на оган на окупираниот Западен Брег, јавуваат израелските медиуми.

– Фудбалската репрезентацијата на Бразил за прв пат во својата историја ќе игра во црни дресови, објави „Globo“.Фудбалерите ќе излезат на терен во црни дресови со златни броеви на пријателскиот натпревар против Гвинеја. Така, играчите ќе протестираат против манифестациите на расизам, од кои една од жртвите беше нивниот член Винисиус Жуниор. 

Тагови

Остани поврзан