• петок, 19 април 2024
МИА Флеш

27 март 2023 

 - Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм и денеска организираат едночасовен протест пред Министерството за финансии, со кој ќе изразат незадоволство поради своите месечни примања.  Тие одржаа протест и минатата недела на кој упатија апел за покачување на платите.

- На територијата на СВР Битола, вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 144 возачи. Како што информираат од МВР, од нив,79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 65 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
 
- Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 1 009 возачи. Од нив, 46 се движеле со 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест со дури 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Сите субјекти надлежни за управување со природните ресурси на Охридското Езеро се чини дека прават напори да ги спроведат неопходните активности за негова заштита, се работи на проблематиката, но не може да се оттргне генералниот впечаток дека активностите се одвиваат бавно, несоодветно обмислено, со импровизации без соодветна вклученост и консултација на експертската јавност.

 - Ако почвените услови дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со активностите на поле, велат агрометеорлозите. Времето е погодно за резидба на виновата лоза и овошките, за отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња),  но и за засадување нови лозја.

- Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Северна Македонија годинава Националната установа Центар за култура Крива Паланка ќе имплементира четиринаесет проекти од различни дејности: драмска, литературна, фолклорна, сценско -уметничка и ликовна. Директорот на НУЦК, Крива Паланка, Дарко Стоилковски најави дека проектите се планира да опфатат најголем процент млади, она што е значајно е дека опфатени се сите дејности од областа на работењето на установата.
 
- Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија голема дива депонија лоцирана на булеварот „Босна и Херцеговина“, во непосредна близина на паркингот кај Железничката станица во скопската населба Скопје Север.

 – Оптимизам за регионот, особено, како што вели, ако успее да се интегрира во Европската Унија, изразува премиерот на Албанија Еди Рама за грчкиот весник „Катимерини“.  Говорејќи за Балканот потенцира дека е позната изреката дека во регионот произведуваме повеќе историја отколку што можеме да консумираме, но истакнува дека сепак, и покрај сите проблеми, постои меѓусебна солидарност и помош.

-Американската банка „First Citizen“ ќе ги откупи сите депозити и заеми на банката „СВБ“, која банкротираше на почетокот на март, соопшти синоќа  американската банкарска администрација (ФДИК) FDIC. Трансакцијата се однесува на 72 милијарди долари активи на пропаднатата банка, соопшти ФДИК, наведувајќи дека денеска ќе се отворат 17 филијали на „СВБ“ со новото име „First Citizen“.

– Над 181.000 лични податоци на хрватски граѓани протекоа од компанијата ЕОС Матрикс, која им помага на компаниите професионално да си ги наплатат долговите, а меѓу нив се и податоци на неколку стотици малолетници, што е најголемото протекување на лични податоци досега. Според Индекс, ова е второ големо протекување на податоци по отворената истрага во декември минатата година за протекување на 77.000 лични податоци од друга агенција за наплата на долгови, Б2 Капитал.

 - Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз Топ чанел, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот. Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето. Возило „Ренџ Ровер”,  за кое се верува дека им припаѓало на напаѓачите е пронајдено запалено.

– Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за руско-кинеската нацрт-резолуција за истрага за саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2, јавија руските агенции истакнувајќи дека има мали шанси документот да биде усвоен. Во нацрт-резолуцијата, се испраќа предлог до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за формирање независна меѓународна комисија за спроведување на темелна, транспарентна и независна истрага за сите аспекти на саботажата на Северен тек 1 и 2, вклучително и идентификување на извршителите на саботажата, финансиерите, организаторите и нивните соработници.

Тагови

Остани поврзан