24 март 2023
-Битиќи: Со инфраструктурните проекти од ТАВ програмата го подобруваме квалитетот на живот на сите наши граѓани
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети општина Чучер Сандево, каде e завршен инфраструктурен проект од ТАВ програмата, информираат од неговиот кабинет.
-Вработените од Министерството за култура на протест, бараат зголемување на платите
Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, денеса се собраа на протест пред Министерството за финансии, изразувајќи го незадоволството поради своите месечни примања.
Почна со работа Нега Центарот во Кисела Вода, услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници
-Почна со работа Нега Центарот во Општина Кисела Вода. Услугата ќе биде достапна за околу 40 корисници кои се стари лица, лица со намален функционален капацитет и попреченост, а ќе добиваат нега и грижа во нивниот дом од 20 лиценцирани негуватели.
Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо
-Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, исклучително значаен, непрекинат научен интерес за македонскиот јазик во француската филологија.
-Митрополитот г. Јосиф ги повика верниците на утрешното прво празнување на денот на Свети Кирил Лешочки
Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф утрово отслужи литургијата на претходноосветени дарови и проповедаше во соборниот храм св. Кирил и Методиј, од каде ги повика верниците утре, сабота, 25 март да дојдат во Лешочкиот манастир за првото литургиско празнување на Светиот Кирил Лешочки.
-За викендот локална нестабилност, од понеделник постудено со пороен дожд и ветер
Во сабота попладне ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина, соопшти УХМР.
-Естонија протерала руски дипломат
Министерството за надворешни работи на Естонија соопшти дека денеска го повикало вршителот на должноста на руската амбасада во Талин и му врачило дипломатска нота дека вработен во руската амбасада со дипломатски статус е прогласен за „персона нон грата.