• сабота, 13 април 2024
МИА Радио Флеш

21 март 2023

-Схинас за МИА: Северна Македонија испорача се, сега е време за следниот чекор - отворање на кластерите, по уставните измени

Процесот на европеизација на Балканот е неповратен, сите земји од регионот, вклучително и Северна Македонија се цврсто на патот кон ЕУ, вели потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас  во изјава за МИА, дадена на маргините на Конференцијата во Солун, посветена на улогата на новинските агенции во објективното информирање и борбата против дезинформациите во новата реалност на Балканот, организирана од АБНА-ЈИЕ.

-Пендаровски ќе се обрати на меѓународен симпозиум во чест на Ацо Шопов во седиштето на УНЕСКО

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов по повод одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање -  „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател.

-Костадиновска-Стојчевска во УНЕСКО на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Во седиштето на УНЕСКО во Париз денеска почнува програмата за чествување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов, што е дел од Календарот на важни меѓународни јубилеи поддржани од УНЕСКО. По тој повод, ќе се обратат министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот Стево Пендаровски.

-Ново рочиште за пожарот во тетовската модуларна болница

Во 10 часот денеска треба да се одржи ново рочиште од судскиот процес за пожарот што се случи во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животот го загубија 14 лица.

-Доделување на новинарските награди „Никола Младенов 2022“

Во организација на Македонскиот институт за медиуми денеска ќе бидат доделат новинарските награди „Никола Младенов 2022“.

-Францускиот амбасадор во Приштина најави последици доколку не се почитуваат договорите од Охрид и Брисел

Францускиот амбасадор во Косово Оливие Геро изјави дека косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ „ќе ги сносат последиците“ доколку не ги почитуваат договорите што ги постигнаа во Брисел и Охрид.

-Стејт департмент: Најсериозните проблеми на Косово се владината корупција, родовото насилство и заканите за малцинствата

Сериозната корупција во Владата, недостиг на истрага и одговорност за родово засновано насилство и насилство или закани врз етничките малцинства и други маргинализирани групи се едни од најсериозните проблеми во Косово, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент за човекови права.

-ЕИБ ќе обезбеди 500 милиони евра за обнова на Турција по земјотресот

Европската инвестициска банка привремено ја укина речиси четиригодишната забрана за финансирање во Турција за да обезбеди 500 милиони евра за реконструкција на земјата по земјотресот.

-Економските односи главна тема на разговорите меѓу Путин и Си, се очекува потпишување два големи договора

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг се пред вториот ден од разговорите за економските односи и се очекува двете страни денеска да потпишат два големи договора за проширување на „сеопфатното партнерство“ и за „стратешката соработка“.

-Јапонскиот премиер Фумио Кишида пристигна во ненадејна посета на Киев, јавија јапонските медиуми.

Кишида е единствениот лидер на Г7 кој се уште не ја посетил Украина од почетокот на руската офанзива кон крајот на февруари минатата година

-Светска банка: Потребни се 7,9 милијарди долари за реконструкција по земјотресите во Сирија

Светската банка објави проценки според кои февруарските земјотреси во Сирија ќе го намалат БДП на земјата за 5,5 отсто оваа година, а средствата за опоравување и обнова се проценуваат на повеќе од 7,9 милијарди долари во текот на три години.

-Њујорк се подготвува за демонстрации на поддржувачите на Трамп во врска со очекуваното обвинение против него

Поставени се барикади околу судот во Менхетен, каде приврзаниците на Доналд Трамп се подготвуваат да протестираат против обвиненија во врска со изборната кампања во 2016 година дека тој тајно платил на порно ѕвезда да не дистрибуира доверливи материјали против него, јавија американски медиуми.

-Бајден го потпиша законот за транспарентност за потеклото на пандемијата на коронавирусот

Американскиот претседател Џо Бајден доцна синоќа изјави дека потпишал закон со кој се дозволува декласификација на документите за потеклото на пандемијата на коронавирусот што првпат се појави во Кина.

-НБА на својата официјална веб-страница ги прогласи најдобрите играчи за изминатата недела.

Во Западната конференција, најкорисен играч на неделата беше кошаркарот на Сакраменто кингс, Домантас Сабонис. „Кралевите“ имаа три победи во четири натпревари, а Сабонис просек од 22,8 поени, 16 скока и 10 асистенции по натпревар.

Остани поврзан