• среда, 24 април 2024
МИА Општински пул

26 мај 2023

Скопје - Oпштина Центар објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на општината.

Јавниот повик ќе се реализира со селекција кoja ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ и предуслов за добивање финансиски средства покрај останатата документација да се обезбеди и правосилно РЕШЕНИЕ за реконструкција на фасада во согласност со законските прописи. Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар, Програма ГДО, во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада на станбената зграда за колективно домување, но не повеќе од 1.000.000,00 денари за секоја одобрена апликација, поднесена од заедница на станари или од мнозинство сопственици на посебни делови од станбената зграда апликантот.

Куманово - Почна пренамената на простор кој ќе се користи за продавачите и производители на цвеќе во рамки на зелениот пазар Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Цветниот пазар ќе биде дел од зелениот, со нова подлога и ќе се постави настрешница. Во моментов се поставуваат бекатон плочки.

- Во рамки на инфраструктурните активности кои се спроведуваат на булеварот „Трета МУБ“ и на улицата „Страшко Симонов“ на барање на ЈП „Пазаришта“ до општина Куманово, во моментов се спроведуваат и инфраструктурни активности внатре во пазарот, кој ќе бидат наменет за тезгите со цвеќе. Очекуваме нашите закупци да имаат соодветен простор за продажба на цвеќе, изјави директорот на ЈП „пазаришта“, Гзим Кадриу.

Валандово - Со првата и втората предфестивалска вечер, на која ќе настапат Жељко Самарџиќ, Јоце Панов и Распеани валандовчани и утревечер со Ефто Пупиновски, Ана Бекута и „Куку леле“ на Градскиот плоштад во Валандово ќе биде крената завесата на 36.издание на Фолк фест „Валандово“.

Главната фестивалка вечер ќе се одржи в недела во фестивалската сала „Јанко Узунов“, а на сцената ќе бидат исполнети 20 новосоздадени македонски песни.

Остани поврзан