МИА Општински пул
- МИА Општински пул
1 октомври 2025
Охрид – Општинската организација на Црвениот крст од Охрид се приклучува кон кампањата на Обединетите нации и под мотото „Застапување за здраво и инклузивно стареење“ го одбележува 1 Октомври - Меѓународниот ден на стари лица.
Црвен крст – Охрид како огранизација спроведува најразлични услуги за стари лица со цел подостоинствен и квалитетен живот и даваат придонес и активно се вклучуваат во креирање на политики за старите луѓе во локалната заедница.
Оваа година е јубилејна година за охридскиот Црвен крст отттаму што се одбележува десетгодишнината од спроведувањето на програмата „Најди време“, осмислена токму во насока на иницирање и спроведување активности за интензивирање на грижата за старите лица.
Инаку, според податоците на Обединетите Нации, предвидувањата се дека следните децении Република Северна Македонија ќе доживее брз процес на стареење на населението.
Според пописот од 2021 година, во земјата има 315.331 лице на возраст над 65 години, а бројот новородени се намалува. Во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население е зголемено од 13.1 на 18 проценти. Постарата популација претставува речиси една четвртина од населението и таквиот тренд дефиниран како стареење на популацијата, наметнува низа здравствени, социјални и економски предизвици, што пак имплицира зголемена потреба, пред се, од здравствени и социјални сервиси,истакнуваат од Црвен крст Охрид.
Додаваат дека бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари, ширум светот се предвидува да се зголеми повеќе од двојно, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо, потенцијарјќи дека, жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица.
Куманово - Кумановската авторка Лара Денковиќ вечерва во 19 часот во Занаетчискиот дом ќе ја промовира својата најнова книга „Звукот на тишината“.
Настанот е отворен за јавноста, а љубителите на литературата ќе имаат можност одблизу да се запознаат со авторката и да слушнат повеќе за процесот на создавање на ова дело кое комбинира интимност, искреност и напнатост до последната страница.
- По успешниот љубовен роман „Не ти, другиот“, пред читателите пристигнува моето второ дело – психолошки трилер што ја открива мојата нова творечка страна. Иако сум студентка на Градежниот факултет, трета година, љубовта кон пишаниот збор секогаш е темелот врз кој го градев мојот внатрешен свет. Ова е само почеток. Верувам и ќе продолжам да ја преточувам инспирацијата во нови и возбудливи дела, изјави Денковиќ.
„Звукот на тишината“ е дело, што според рецензијата на проф. Соња Тодоровска, плени со поетичноста на изразот, но и вознемирува со суровата реалност што ја открива.
-Тишината не е празнина. Таа е најгласниот крик кој секој треба да го слушне, пишува таа, нагласувајќи дека романот е повеќе од психолошки трилер – тој е приказна за надежта, издржливоста на човечкиот дух и храброста да се избере животот пред стравот.